Европски ден на јазиците 2014!

edlПочитувани,

Во чест на Европскиот ден на јазиците Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН со задоволство Ве поканува на промоција на две нови постигнувања во областа на применетата лингвистика:

  1. Книгата Корпусни истражувања на англискиот меѓујазик на македонските изучувачи: усвојување и меѓујазично влијание, Книга 1, од авторките Лилјана Митковска, Марија Кусевска и Елени Бужаровска е резултат на неколкугодишниот проект Анализа на англискиот меѓујазик од македонски говорители на А1, А2 и Б1 ниво од Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕРР) со посебен осврт на меѓујазичнoто влијание одобрен од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Книгата ќе ја промовира проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска-Јанеска, која е еден од рецензентите, а во име на авторките за искуствата од проектот ќе зборува проф.  д-р  Елени Бужаровска.

  1. Електронскиот Зборник на трудови од Меѓународната конференција за применета лингвистика: Практиката во јазикот, јазикот во практиката (ПЈЈП), која се одржа на 7 и 8 јуни 2013 година на Универзитетот ФОН во Скопје, ќе го промовира проф. д-р Ана Лазарова Никовска, член на уредничкиот одбор и една од организаторите на конференцијата.

Настанот ќе се одржи во петок, на 26 септември 2014 година, во 12.00 часот во просториите на Универзитетот ФОН во Скопје (Амфитеатар 1), бул. Киро Глигоров бр. 5.

По промоцијата Ве покануваме на пригоден коктел.

Се надеваме дека ќе ни се придружите заедно да ги обележиме нашите успеси и Европскиот ден на јазиците.

Со почит,

проф. д-р Лилјана Митковска

Декан на Факултетот за странски јазици

Advertisements
This entry was posted in Соопштенија and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s