Учество на дебатата на француски јазик од областа на меѓународното хуманитарно право

21

На 9 октомври 2014 година студенти од Факултетот за правни науки и Факултетот за странски јазици кои го изучуваат францускиот јазик на покана на Францускиот Институт во Скопје учествуваа на дебатата на една актуелна меѓународна тема за аболиција на смртната казна со проф. д-р Гзиме Старова, член на Уставниот суд на РМ и преведувач на делото “Аболиција” од познатиот адвокат за кривично право, универзитетски професор и политичар Робер Бадентер и со г-дин Себастијен Ботро Бонтер, правник и експерт за човекови права и за меѓународно хуманитарно право во присуство на Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Р. Франција во Р. Македонија и други заинтересирани професори и студенти.

3

4

По изнесените ставови, провокативни прашања, аргументи и контра-аргументи учесниците ја констатираа  поделеноста на меѓународната заедница по ова контроверзно прашање потсетувајќи дека јавното мислење постојано ја преиспитува можноста за комплетано укинување.

Интересен податок кој им беше пренесен на учесниците е иницијативата на Амбасадата на Р. Франција во Р. Македонија повторно да отвори конкурс за доделување Награда за човекови права за македонско здружение чии активности се во доменот на човековите права во Р. Македонија, а која ќе биде официјално доделена на 10 декември, денот на донесувањето на Универзалната декларација за правата на човекот и граѓанинот во Париз на 10 декември 1948 година од страна на земјите членки на Организацијата на обединетите нации.

http://tg.la7.it

Сите учесници упатија честитки до домаќинот за веста дека францускиот писател Патрик Модијано или како што го нарекуваат “Марсел Пруст на нашето време” е добитник на Нобеловата награда за книжевност за 2014 година. Тој е 14-от француски писател кому му е доделена оваа престижна награда меѓу кои се вбројуваат великани на светската книжевност како Жан-Пол Сартр, Албер Ками, Анатол Франс, Ромен Ролан,  Андре Жид итн.

 (Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Јазик во струката, Активности, Книги, Литература, Награди and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s