Зграби ја можноста! ЕВС инфо сесија

EVS poster

Европскиот волонтерски сервис (ЕВС), преку Клучна акција 1 – од програмата Еразмус+ на Европската комисија – им овозможува на младите луѓе на возраст од 18 до 30 год. да вршат волонтерска служба за период од 2 до 12 месеци во некоја од европските земји, различна од земјата во која престојуваат или живеат. Целта на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) е да се развие солидарноста и да се промовира активно граѓанство и заемно разбирање помеѓу младите луѓе. Покрај тоа што локалните заедници имаат придобивки, волонтерите учат нови вештини, јазици и откриваат нови култури. Освен патните трошоци, сите останати трошоци за живот (храна, сместување, осигурување, обука и вашиот џепарлак) се обезбедени од страна на Европската комисија.

За да учествувате на ЕВС програмата треба да најдете организација испраќач и организација примач. „Младите можат“ е акредитирана ЕВС организација-испраќач и организација-примач. За повеќе информации како да станете дел од оваа програма дојдете на 17 октомври, 2014 во Амфитеатар 1 во 12:30 часот и информирајте се!

Контакт: info@youthcan.org.mk

(Димитар Димитровски)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Европска Унија, Култура and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s