Љубовта е совршено злосторство

l-amour-est-un-crime-parfait-portrait-w858

Благодарение на одличната соработка со Кинотека на Македонија, студенти по француски јазик од Факултетот за странски јазици и од Правниот факултет имаа можност да го гледаат контроверзниот француск0-швајцарски трилер “L’amour est un crime parfait” / “Љубовта е совршено злосторство” во кој одличниот Матје Амалрик (The Diving bell and the Butterfly, Quantum of Solace, The Grand Budapest Hotel,…) со целиот свој актерски интензитет не внесе во животот на еден атипичен, асоцијален професор по креативно пишување на работ на морален амбис, растргнат помеѓу својот примитивен нагон и општествените норми, помеѓу животното и човекот во него. Филмот не шокираше, не засмеваше, не вознемируваше, не замислуваше, не разбеснуваше и беше се освен здодевен 🙂

Неочекувано задоволство во филмот беше намерниот контраст помеѓу крупните кадри од ледената, природна убавина на Алпите и стаклениот, футуристички кампус на Université de Lausanne – EPFL (архитектонското ремек-дело на јапонските архитекти СААНА). И ако се согласиме дека главниот протагонист во филмот не е ништо друго туку волк-самотник во јагнешка кожа, тогаш евидентно е значењето на волкот кој истрача на мрачниот и опасен планински пат во првите кадри од филмот кога професорот ја носеше својата млада жртва во, како што и самата ќе каже, sa tanière / неговото дувло и изјавата j’ai une faim de loup / дека е гладен како волк следното утро исцрпен од, претпоставуваме, носење на теретот на безживотното тело низ снегот. На крајот на филмот, во манирот на Кјубрик и Хичкок, инстинктот надвладеа над разумот, волкот го проголта човекот.

DSC07081

DSC07082

DSC07085DSC07086

DSC07084

DSC07078(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Култура, Филм and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s