Спектакуларната игра на светлината – 25 години од паѓањето на Берлинскиот Ѕид

Деновиве очите на целиот свет се вперени кон Берлин …

458637070

Светол почеток на официјалните свечености по повод 25 годишнината од паѓањето на ѕидот: 8.000 бели балони оцртуваат 15 километри каде порано стоеше ѕидот што го делеше Берлин повеќе децении, од 1961 до 1989 година. Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов го посети некогашниот граничен контролен пункт „Чарли“ на Фридрихштрасе. „На Германците им го честитам овој јубилеј“ – рече тој во краткото обраќање пред посетителите.

Горбачов со солзи во очите го следеше прикажувањето на историските говори на поранешните претседатели на САД: „Јас сум берлинец“ / “Ich bin ein Berliner” на Џон Кенеди и „Г-дине Горбачев, урнете го овој ѕид“ / “Mr. Gorbachev, tear down this wall!” на Роналд Реган. Кратко пред тоа, во близината на Рајхстагот актуелниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт, заедно со поранешни активисти за човекови права од ГДР, ја отвори симболичната „светлосна граница“. Тој објасни дека паѓањето на ѕидот симболизираше паѓање на Железната завеса и пробивање на патот кон слободата и демократијата.

2,w=985,c=0.bild

По повод јубилејот, целиот свет повторно ќе гледа кон Берлин. Но светот ќе гледа сосема поинаку на Берлин, како што бараше Ерих Ројтер во 1948-та година во неговиот легендарен говор на разурнатиот Рајхстаг:  со радост, добронаклонетост и со свест дека денес Берлин е отворена, толерантна и светски признаета метропола во центарот на Европа. Инсталацијата на 8.000 балони се протега од мостот Борнхолм, каде што на 9 ноември пред 25 години по притисоците од страна на жителите на Источен Берлин за прв пат се отвори ѕидот, потоа преку Брандебуршката порта, сѐ до мостот Обербаум на реката Шпре во населбата Кројцберг.

“Светлосна граница”

Во близина на Собранието на реката Шпре може да се видат остатоци од стариот ѕид. Hа стемнување, балоните што се поставени на столбови високи 3 метри, ќе бидат осветлени. Вечерта на 9 ноември балоните со претходно прикачени лични пораки ќе бидат пуштени во воздух и со тоа симболично, повторно ќе ја отворат границата. Тогаш на Бранденбуршката порта државниот оркестар на Берлин, под водство на Даниел Баренбојм, ќе ѝ даде музичка заднина на манифестацијата и ќе ја исполни „Одата на радоста“ од Бетовеновата 9-та симфонија.

Извадок од оригинален текст на германски јазик: http://www.bild.de/politik/inland/mauerfall/25-jahre-mauerfall-lichtinstallation-38476600.bild.html

(Мирослав Божиќ)

Advertisements
This entry was posted in Култура and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s