СтуЛиКон 2015

download

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје од 24 до 26 април 2015 година ќе се организира четвртата регионална Студентска лингвистичка конференција – „СтуЛиКон 2015“. Право на учество имаат сите додипломци, постдипломци и магистри што се занимаваат со филолошките науки.

Темите треба да бидат од областа на: фонетиката, фонологијата, лексикологијата, зборообразувањето, морфологијата, синтаксата, прагматиката, историјата на јазикот, применетата лингвистика – социолингвистиката, психолингвистиката, когнитивната лингвистика, методиката на наставата, како и другите јазични дисциплини.

Секој кандидат може да пријави еден самостоен и еден коавторски труд напишан(и) на кој било јужнословенски јазик. Апстрактот треба да содржи најмалку 300, а најмногу 500 зборови, да биде напишан во фонтот Times New Roman, со големина на букви 12 и со проред 1,5, а потоа да биде испратен на електронската адреса apstrakti@stulikon.mk . Деталните упатства за пишување на апстрактот и сите други информации поврзани со „СтуЛиКон 2015“ може да ги најдете на официјалната страна: http://stulikon.mk/  Учесниците се ослободени од секаков вид котизација, а одговорот за прифаќањето на темите ќе им биде доставен во текот на февруари 2015 година.

Крајниот рок за пријавување е 15 јануари 2015 година.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Конференција, Лингвистика and tagged , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s