Денес започна првата колоквиумска недела во зимскиот семестар на додипломските студии, но и покрај тоа што фокусот е на учење сепак некои студенти решија да направат многу, многу, многу кратка пауза 🙂 и да го посетат Саемот на студии во Франција каде имаа можност да разговараат со претставници на повеќе француски високообразовни институци и да се запознаат со студиските програми и можностите за стипендии. Сите кои денес не направија пауза, може да најдат многу корисни информации за програми (на француски и/или на англиски јазик) на страната на мрежата CampusFrance http://www.campusfrance.org/en и на пребарувачот на стипендии CampusBourses www.campusfrance.org/fria/bourse/index.html
(Наташа Алексоска)
Advertisements