Г-ѓа Дијана Спасова – Вељановска од Шпаркасе Банка Македонија гостин на Факултетот за странски јазици

DSC_0053

DSC_0052

DSC_0054

Студенти од Факултетот за странски јазици имаа можност да присуствуваат не едно многу информативно, многу интересно и уште повеќе корисно предавање од сферата на комуникологијата и менаџментот на човечките ресурси кое во рамките на клиничката настава го одржа Г-ѓа Дијана Спасова – Вељjаноска која е дел од тимот на службата за менаџмент со човечки ресурси во Шпаркасе Банка Македонија. Гостинката која е франкофон со богато професионално искуство на многу непосреден начин на студентите им ги претстави приниципите врз кои се потпира Шпаркасе Банка Македонија во своето деловно работење, на пластичен начин ја опиша корпоративната култура која владее во оваа врвна австриската финансиска институција и преку серија на практични примери им овозможи на студентите увид во работењето на службата за менаџмент со човечки ресурси што е поле на нејзин потесен интерес.

Со голема елоквентност Г-ѓа Дијана Спасова – Вељјаноска го опиша начинот на селекција и регрутација на кадри, а за чие етаблирање и самата има дадено свој придонес, и  се фокусира на фазата на подготовка и испраќање на кратка биографија (CV) и мотивациско писмо и на фазата интервју за работа како прв директен контакт со идниот потенцијален работодавец, што всушност побуди најголем интерес кај студентите затоа што со многу хумор гостинката им ги предочи најчестите грешки кои се прават при составувањето на кратките биографии и мотивациски писма и ги советува на кој начин да ги подобрат своите презентациски способности ако бидат повикани на интервју било за практика или за вработување.

DSC_0055

DSC07160

DSC07164

Предавањето заврши со кратка дискусија во која беше изнесена констатацијата дека студентите треба добро да се информираат за институциите каде конкурираат и за сите аспекти на работното место, да бидат исклучително внимателни при содржинската, јазичната и техничката подготовка на кратката биографија и мотивациското писмо затоа што тие се прва и можеби единствена можност да се претстават себе и своите квалитети и секогаш да бидат природни и свои во текот на интервјуто.

Деканот на ФСЈ, проф. д-р Лилјана Митковска, на гостинката и додели благодарница за експертското предавање при што беше соопштено дека на препорака на виш лектор м-р Наташа Алексоска тројца студенти од насоката Странски јазици и бизнис од Факултетот за странски јазици, Ангела-Александра Ивановиќ, Марија Чукарска и Димитар Димитровски, ќе имаат можност да реализираат практика во текот на зимскиот распуст во сектор по нивен избор со доделен ментор од Шпаркасе Банка Македонија што е почеток на соработка меѓу двете институции.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Бизнис, Вработување, Деловен јазик, Клиничка настава and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s