Престој во срцето на Шпанија

DSC06942Шпанскиот јазик денес е мајчин јазик на околу 350 милиони луѓе низ светот, a повеќе од 100 милиони го зборуваат како втор јазик. Љубовта кон овој јазик и забележителниот напредок при неговото изучување коj го постигнав во изминативе две години беа одлучувачки фактор за мојот прв престој во магичната Шпанија. По долгата потрага која беше отежната од широкиот избор на школи во различни градови, се одлучив за престолнината на кралството: возбудливиот, космополитски Мадрид со интензивни уметнички, културни и интелектуални збиднувања каде посетував едномесечен курс во јазичниот центар AIL Madrid кој се наоѓа во близина на прекрасниот парк Ретиро во елитната населба Саламанка. Курсот опфаќаше пет интерактивни часа по шпански јазик дневно со два часа попладневни активности од областа на јазикот, културата и историјата, кои исто така беа одлична можност да запознаам многу ученици од останатите групи со различни нивоа на познавање на шпанскиот јазик.

Building of Palace of Communication in Madrid 299x230madrid

Околностите во кои се одвиваше наставата беа повеќе од идеални – во целото училиште бев единствената македонка, а останатите студенти од различни краеви на светот ја правеа комуникацијата на било кој друг јазик, освен шпански, речиси невозможна. Соочена сама со свет каде што англиски не е опција, уште по првите неколку минути од моето пристигнување бев принудена да зачекорам надвор од мојата зона на комфор и да го применам досега наученото во пракса. Во следните неколку дена почувствував дека полека се ослободувам од сите инхибиции што значително  ми ја олесни комуникацијата благодарение на таа постојана изложеност на шпанскиот јазик и малите, секојдневни интеракции – во метро, на улица, барање насоки, нарачување на храна и разговори со продавачи.

???????????????????????????????Решена да се предизвикам самата себеси и мојата способност за функционирање во непозната средина, по завршувањето на курсот решив да заминам  сама на двонеделно патување низ Шпанија.

Низ Шпанија на секој чекор се наоѓаат примери од нејзиното богато минато. Во Сан Лоренсо дел Ескориал (San Lorenzo del Escorial) во близината на Мадрид се наоѓа импресивниот  кралски манастир од 16 век, додека пак во Сеговиа (Segovia) е сместен римски аквадукт од 1 век изграден од совршено подредени блокови од гранит, а во Толедо, првата престолнина на кралството се наоѓаат вредни дела на светски познатиот ренесансен уметник Ел Греко (El Greco).

1_MADRID

IMG_1971Последниот град кој го посетив во близина на Мадрид  беше Куенка (Cuenca). Воодушевена од стариот центар со фасцинантни средновековни градби, најмногу ме воодушевија Висечките Куќи (Casas Colgadas) кои наликуваа на гнезда од ластовички прилепени над  доловите околу градот.IMG_9167

01-cuenca

На крај се упатив кон врелата Андалусија исполнета со весел, празничен дух, каде звуците на фламенкото низ тесните улички се преливаа со џагорот на неуморните луѓе во доцните вечерни часови. Од куќата на Пикасо во Малага и драматичната локација на неверојатниот мост над Тахо (Ej Tajo) во Ронда, се упатив кон домот на најголемата готска катедрала во светот, Севиља.

ronda1

667
img122177При крајот на ова патешествие мојата комуникациска способност, но уште повеќе мојата самодоверба беше забележително подобрена. Освен тоа, престојот во странство е вистински предизвик кој покрај влијанието на образованието, прави да развиеме пософистициран поглед кон светот во кој живееме и делува позитивно врз нашиот личен раст и развој преку зголеменото разбирање на сопствените културни вредности и предрасуди. Од друга страна, стекнатите пријателства во странство даваат  чувство на припадност на светот и стануваат едни од најценетите и најдрагите доживотни врски.

(Бојана Петрова)

Advertisements
This entry was posted in Забава, Култура, Курсеви, Образование and tagged , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s