м-р Андреја Стојковски, Претседател на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), гостин за клиничка настава по шпански јазик и цивилизација на ФСЈ

DSC07647 - Copy

DSC07638 - CopyDSC07634 - Copy

DSC07639 - Copy

На 12 март 2015 година пред студентите по шпанска цивилизација од ФСЈ во рамките на клиничката настава предавање одржа г-дин Андреја Стојковски, магистер од областа на правото на Европската Унија на престижниот Универзитет Карлос III” во Мадрид (Кралство Шпанија) со богато професионално искуство меѓу останатото и во Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ, а од ноември 2013 година претседател на ИО на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) – Скопје.

downloadГостинот пред студентите зборуваше на тема: Административно-политичкиот систем и положбата на Кралството Шпанија на меѓународната сцена / El sistema administrativo-político y la posición del Reino de España en la escena internacional” и на многу пластичен начин им ги појасни државните симболи на Кралството Шпанија, територијалната организација на автономни региони и автономни градови, поширокиот историски контекст во кој е донесен демократскиот Устав од 1978 година со кој се проConstitucion_de_1978кламира национален суверенитет и поделба на власта, се гарантираат индивидуалните и колективните права, правото на автономија на регионите, се формира институцијата народен правобранител (омбудсман) според шведскиот модел, се воспоставува принципот на секуларност итн. (студентите беа посебно заинтригирани од контрастниот приказ на заклетвата на Претседателот на САД врз Библијата што е речиси непојмливо во Кралство Шпанија каде заклетвата кралот ја дава врз Уставот во склад со секуларниот карактер на државата што спонтано отвори дискусија за степенот до кој може да се сметаат САД за секуларно општество, а Шпанија за религиозно!?).

Гостинот многу елоквентно со серија конкретни примери ја појасни улогата на сите чинители на административно-политичкиот систем при што посебно се фокусира на улогата на кралот како обединувачки и стабилизирачки фактор во клучни моменти со цел надминување на општествено-политичките предизвици во процесот на демократизација на шпанското општество како и на релацијата на Кралство Шпанија со Европската Унија.

DSC07643

DSC07642felipe-vi-leticia-ortiz-rey-reina-2014-3

По кратка дискусија и со констатација дека студентите треба со интерес да ги следат случувањата во Кралството Шпанија посебно во тековната 2015 година кога треба да се одржат дури 4 изборни циклуси предавањето заврши како и што започна, во исклучително пријатна работна атмосфера.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Јазик во струката, Активности, Деловен јазик, Европска Унија, Клиничка настава, Општество and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s