Г-ѓа Лаура Пуга Молина гостин на ФСЈ по повод празнувањето на Денот на Сервантес!

DSC07828

Денот на Сервантес во Кралство Шпанија се слави од почит кон делото на Дон Мигел де Сервантес Сааведра кој се смета за најголем шпански писател и во негова чест и шпанскиот јазик се нарекува јазикот на Сервантес (la lengua de Cervantes)Необична коинциденција е дека книжевните великани Сервантес и Шекспир починале на ист ден, 23 април 1616 година, ден кој УНЕСКО го одбележува како Меѓународен ден на книгата / Día internacional de libro!

Во чест на Сервантес на 23 април секоја година верижно се чита на радио во живо капиталниот роман ֦Дон Кихот” (1.086 страници), а во некои шпански региони се празнува Денот на книгата и розата (El Día del Libro y la Rosa) кога се даруваат книги и/или рози како подарок на саканите.

Студентите по шпански јазик и цивилизација од Факултетот за странски јазици (ФСЈ) и оваа година креативно го одбележаа овој ден со серија активности:

Поделија информативни летоци и на студентите и вработените на ФОН Универзитет им подарија рози и/или книги од шпански и латиноамерикански автори во духот на традицијата на Денот на книгата и розата!

DSC07788

По повод Денот на Сервантес и во рамки на кличничката настава по шпански јазик и цивилизација гостуваше г-ѓа Лаура ПУГА МОЛИНА, советник во Амбасадата на Кралство Шпанија во РМ, која пред студентите по шпански јазик и цивилизација и гости љубители на шпанскиот јазик одржа предавање на тема: ֦Положбата на младите во шпанското општество” / “La posición de los jovenes en la sociedad española”.

DSC07812

DSC07822

DSC07816

DSC07833

Гостинката го започна предавањето потенцирајќи ја важноста на образованието појаснувајќи дека и покрај богатото образовно и професионално портфолио сеуште не ја напушта љубопотноста и жарот за учење. Зборуваше за сличноста меѓу шпанскиот и македонскиот менталитет кој и овозможува за кратко време да се чувствува во Македонија како дома. Со голема доза на искреност, отвореност и непосредност на студентите им зборуваше за промените на положбата на младите во шпанското општество, дека секој млад човек е производ на повеќе генерации и дека младите со својата пасија, талент, интелект, упорност, бунтовност и бестрашност се движечката сила на општеството.

Исто така, зборуваше за положбата на жените и потребата да се воспостави мериторен систем во секоја сфера на професионалниот живот кој ќе се базира врз компетентност без разлика на полот сметајќи дека позитивната дискриминација некогаш е само дискриминација и, иако разбира дека жените многу почесто поминуваат трнлив пат до успехот, не е сосема убедена во нејзината оправданост.

Г-ѓа Лаура Пуга Молина со крајно пријателски став сподели со студентите мудри совети и корисни препораки и несебично истакна дека им стои на располагање за сите прашања кои ги имаат и/или идеи кои сакаат да ги реализираат.

По серија прашања и дискусија со многу хумор и ведрина сите заедно во универзитетската кафетерија уживавме во звуците на сензуалната шпанска музика на Лус Касал и Консуело Веласкес внесени во жив, неосреден разговор.

DSC07835

Прекрасно предавање! Прекрасен гостин! Прекрасен ден! Достојно го прославивме Денот на Сервантес и Денот на книгата и розата!

(Виш лектор м-р Наташа Алексоска)

DSC_0144

DSC_0142

DSC07796

DSC07800

DSC07795

DSC07789

DSC07798

DSC07791

DSC07802

DSC07845

DSC07805

DSC07803

DSC_0146

DSC07806DSC_0148

DSC07809

DSC07808

DSC_0150

Feliz Día de Cervantes! Feliz Día del Libro y la Rosa!

Advertisements
This entry was posted in Активности, Клиничка настава, Книги, Култура, Музика and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s