Циклус предавања на м-р Естела Пањеда Бокос на ФСЈ

DSCN4993

DSCN4991Во текот на летниот семестар во периодот од март до мај 2015 година имавме големо задоволство гостин на ФСЈ да ни биде нативен говорител м-р Естела Пањеда Бокос која, на покана на виш лектор м-р Наташа Алексоска, одржа циклус на експертски предавања во рамките на клиничката настава по шпански јазик и цивилизација.

Г-ѓа Естела Пањеда Бокос има дипломирано во областа на историјата на уметност на Универзитетот “Комплутенсе” во Мадрид (Кралство Шпанија). Има завршено магистерски студии во сферата на културниот менаџмент на “Универзитетот Алкала де Енарес”, студии кои не се лесно достапни во РМ, и има завршено француски јазик и литература на елитниот Универзитет “Сорбона” во Париз (Франција).

Професионалното искуство го стекнала во една од најважните фондации “Телефоника” во Мадрид која покрај богатата културна програма поседува и исклучителна приватна колекција на дела од современата уметност. Од 2011 година живее во РМ каде покрај отворањето на сопствен мултимедијален простор “Ла Кања” коj нуди богата културна програма (концерти, филмски циклуси, промоции на книги и сл.) активно држи настава и по современ шпански јазик за што има стекнато и квалификација од “International House” во Барселона за настава по шпански како странски јазик.

DSCN4989DSCN4994Во текот на серијата предавања во рамките на клиничката настава студентите од трета година на ФСЈ имаа можност да ги продлабочат своите знаења од областа на шпанскиот јазик и да добијат изворни информации во врска со шпанската цивилизација кои не се наоѓаат лесно во учебниците.

DSCN4996

Голема благодарност за професионалниот однос, вложеното време и енергија и се надеваме дека м-р Естела Пањеда Бокос ќе понесе убави спомени од работата со нашите студенти и од престојот на Факултетот за странски јазици.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Клиничка настава, Култура and tagged , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s