Предавање за француската винска култура на м-р Јадранка Накова, маркетинг директор на “Винаријата СТОБИ” каде 10 студенти реализираа пракса

DSC08016  Grupna

DSC08009

На 12 мај 2015 година студентите по француски јазик и цивилизација имаа можност да присуствуваат на едно несекојдневно и навистина интересно предавање за француската винска култура кое, на покана на виш лектор м-р Наташа Алексоска, го одржа м-р Јадранка Накова, маркетинг директор на холдингот “Перминдекс” во чиј состав влегува и “Винаријата Стоби” каде 10 франкофони студенти од ФСЈ реализираа пракса во периодот од март до мај 2015 година.

Гостинката со своето мултидисциплинарно образовно портфолио како магистер по Странски јазици, надворешна трговија: ЕУ од Универзитетот “РЕН II” од Рен во Горна Нормандија (Франција) & УКИМ и, меѓу останатите професионални ангажмани, со повеќе од 15 години работно искуство како маркетинг директор на францускиот автомобилски гигант “Пежо” беше повеќе од компетентен предавач со широки теоретски и практични познавања не само од францускиот јазик и цивилизација туку и од француската винска индустрија и винскиот маркетинг.

Студентите со силен интерес ги проследија новите информации за винската географија односно разликите кои постојат помеѓу стариот свет (Франција, Италија, Шпанија, Германија и Португалија) и новиот свет (САД, Австралија, Аргентина,Чиле, ЈАР и Нов Зеланд) и за обврските на винските власти во поглед на дефинирање на регионите, дозволените сорти грозје, лозарските и винарските практики и др. Исто така, студентите беа импресионирани од перформансите на Франција не само како Бр. 1 светски производител на вино и Бр. 2 конзумент на вино после Луксембург (што можеби објаснува зошто Франција е нација со најмалку кардиоваскуларни заболувања во светот) туку и во поглед на воведените строги и прецизни правила за винопроизводителите и апелациите: vin de table, vin de pays и Appellation d’Origine Contrôlée  (AOC) односно ознака за највисок контролиран квалитет.

Детално и со многу интересни примери м-р Јадранка Накова на студентите им ги појасни заблудите и најчестите грешки поврзани со вината од најголемите француски вински региони (Бордо, Долината на Лоара, Шампањ, Бургундија, Долината на Рона, Алзас, Лангдок-Русијон и Прованса), соодветните форми на вински шишиња за секој вински регион, посебните термини за секоја големина на винско шише (Magnum за 1.5 литри, Methusalem за 6 литри, Balthasar за 12 литри итн.), ја појасни сложената и скапа постапка за добивање пенливо вино и зошто во РМ не се произведува пенливо вино (шампањ може да се нарече само пенливото вино со потекло од францускиот вински регион Champagne) пред да го насочи вниманието и да се фокусира на предизвиците во сферата на винскиот маркетинг.

DSC08010

DSC08011

Гостинката им појасни на студентите дека целта на маркетингот е да ги препознае потребите на клиентот и да ги задоволи истите на начин што производот сам ќе се продава. Идеални услови би се постигнале кога маркетингот би ја направил продажбата сосема непотребна. Во излагањето беа разјаснети основните маркетинг алатки во винскиот маркетинг, на кратко беа наведени примарните активности во односот со јавноста, маркетинг миксот, факторите кои влијаат на формирањето на цената, промоцијата, дистрибуцијата, контролата, брендирањето, герила маркетингот и улогата на социјалните мрежи во винскиот маркетинг.

DSC08001

DSC08004

На крајот на предавањето м-р Јадранка Накова на кратко ги претстави успесите на својата матична институција, “Винаријата Стоби”, палетата на премиум вина, елитни вина, квалитетни вина и традиционални вина со кои настапуваат на 19 пазари во светот, наградите кои се добиени на најважните вински саеми и суперлативите со кои се оценети вината од страна на реномираните списанија посочувајќи ја како последна силната препорака од страна на “Волстрит Журнал” и “Вашингтон пост” во април 2015 година.

DSC08019 Certifikati

DSC08023

После серијата корисни информации со кои студентите ја збогатија својата винска култура гостинката формално ги додели сертификатите на 10 студенти франкофони кои реализираа практика во периодот од март до мај 2015 година и изразија настрпливост за следната организирана активност на 13 мај: еднодневна посета на археолошкиот локалитет и “Винаријата Стоби” со повеќечасовна едукативна работилница со врвните франкофони енолози како дел од клиничката настава по француски јазик и цивилизација.

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Бизнис, Клиничка настава, Култура and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s