Едукативна работилница за француската винска култура во “Винарија СТОБИ” со посета на археолошкиот локалитет

17641_10204080600445136_8248698786071000759_n

Студентите по француски јазик и цивилизација имаа многу, многу интересен ден! 🙂

На 13 мај 2015 година студенти по француски јазик и цивилизација го посетија градот СТОБИ, најголемиот антички археолошки локалитет на територијата на РМ и споменик на културата од национален интерес од прва категорија, каде се запознаа со историскиот континуитет и константниот подем на Стоби кој бил главен град на римската провинција Macedonia Secunda. Студентите ја посетија епископската базилика каде се восхитуваа на крстилницата од V век декорирана со подни мозаици со приказ на “Давидовиот псалм 42” односно мотиви на елени и пауни (рајски птици) како симбол на хистијанството, се прошетаа по Светата улица (Via Sacra) каде населението на Стоби пазарувало во малите дуќани и занаетчиски работилници, го коментираа раскошот на Теодосијанската палата и под врелото сонце во театарот ги замислуваа суровите претстави во арената за гладијаторски борби.

DSC08024

DSC08026

DSC08042

DSC_8476DSC08035

DSC08040

DSC08036
DSC_8473

DSC_8503

DSC08029

DSC08030DSC08031

DSC08045

После едукативната посета на археолошкиот локалитет, а како продолжение на клиничката настава по француски јазик и цивилизација започната со интересното предавање на м-р Јадранка Накова на ФСЈ претходниот ден, студентите ја посетија “Винаријата СТОБИ” чиј заштитен знак е паунот, многу соодветно за производител на пијалокот на античките богови и составен дел на сите христијански обреди: виното! “Винаријата СТОБИ” е модернистичка градба инспирирана од најзначајниот архитект на XX век, францускиот пионер на модерната архитектура, Ле Корбизје/ Le Corbusier  и неговата Вила Савоја/Villa Savoye.

Под водство на енологот и главен контролор на квалитет м-р Андон Крстевски кој, меѓу другото, има завршено студии на Универзитетот “Бургоња” во Дижон (Франција) и постипломски студии на Универзитетот “Виктор Сегалан” во Бордо (Франција), студентите се запознаа со производствениот процес од берба до добивање готов производ преку што станаа свесни за две квалитативни предности на винаријата: поседување сопствени лозја што овозможува висок степен на контрола на квалитетот на целиот производствен процес и нивната географска близина што го минимизира временскиот период од берба до обработка.

Слушајќи ги појаснувањата за производството на бело вино, црвено вино или розе вино (од црвено грозје според технологија за бело вино), високиот степен на компјутеризација на производството, техниките со кои енолозите го контролираат целиот процес и може да креираат квалитетни вина, посетата на винскиот подрум каде се барикираат вината во дабови буриња увезени од Франција, студентите се чувствуваа како некој да ја подигнал завесата и им дозволил поглед зад театарските кулиси.

DSC08049DSC_8541

DSC_8538

DSC08058

DSC_8571DSC_8573

DSC_8561

DSC08051DSC08056DSC08052

DSC_8621

DSC08062

Пријатно изморени од прошетката студентите ја продолжија едукативната посета со тричасовна работилница за винска култура со дегустација на дури 9 бели, розе и црвени вина од палетата на “Винаријата СТОБИ”: Muscat Ottonel, Chardonnay Barrique, R`kaciteli, Zhilavka, Rose, Merlot Barrique, Syrah Barrique, Vranec Veritas, Roxana. Во текот на цели три часа м-р Андон Крстевски на студентите по француски јазик и цивилизација им зборуваше за француската винска култура, француските вински региони со фокус на винскиот регион Бордо/Bordeaux, винските апелации, винскиот bon ton во поглед на изборот на чашата, правилното држење на чашата, именувањето на различните големини шишиња, начинот на подарување на вино, основните елементи на правилна винска дегустација, спарувањето на храната со виното, начинот на коментирање на виното, француската терминологија која се употребува во винскиот свет (барикирање, декантирање, купажа, куве, ….) со акцент на дескрипторите на вкусот на виното (свежо наместо кисело, топло наместо алкохолно, суво наместо благо итн.) и главните дескриптори за арома (зачинска/épicé, овошна/fruité, цветна/floral, дрвена/boisé, земјена/terreux, карамелизирана/caramélisé), автохтоните македонски вина, приказната за вранецот како персонификација на македонскиот менталитет итн.

Picture1

Picture2     Picture3

Во текот на дегустацијата проследена со хумор и убаво расположение се водеше жива дискусија во која интересен придонес даде студентката Андријана Јовановиќ. Таа со колегите сподели дека во текот на своите чести патувања во Франција имала уникатна можност во елитниот париски ресторан во Art Nouveau стил “Maxim`s” да дегустира неколку вина од француски винарии кои се вбројуваат меѓу петте најдобри во светот како Château Margaux AOC (Médoc, Bordeaux), Châteauneuf-du-Pape AOC (Châteauneuf-du-Pape, Rhône) и др. и ги пренесе своите впечатоци од тоа уникатно доживување.

Picture4     Picture5

Студентите се интересираа и ја коментираа годишната француска консумација на вино (70 литри во просек наспроти 7 литри во РМ), (не)оправданата фасцинација со француското младо вино Baujolais, (не)достижноста на апелацијата AOC во РМ, високиот степен на винска култура во Франција, десертните вина итн. Без разлика на темата студентите ги апсорбираа новините со нескриен интерес.

DSC_8620DSC_8618

DSC_8647

DSC_8653

DSC_8651

DSC_8645

DSC_8646

DSC_8672

DSC08063

DSC08064

DSC08065

DSC08069

DSC08066

DSC08067

DSC08068

stobi-galerija-03

Заблагодарувајќи им се на домаќините, м-р Јадранка Накова и м-р Андон Крставски, за демистифицирањето на светот на виното и за срдечното гостопримство заминавме од Стоби со потсвесен план повторно да се вратиме за да го повториме наученото 🙂

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Клиничка настава, Култура, Работилница and tagged , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s