Франкофони од ФОН на Францускиот филмски фестивал!

imageedit_1_7516301415DSC04068На 17 јуни 2015 година најдобрите студенти по француски јазик од Факултетот за странски јазици (ФСЈ) и колеги франкофони од ФОН Универзитет присуствуваа на свеченото отворање на Францускиот филмски фестивал 2015 со поздравен говор на Н.Е. Г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Р. Франција во Р. Македонија.

Амбасадорката во присуство на членови од филмската екипа од Франција (меѓу кои и актерот Антоан Лоран) го претстави филмот „Борци / “Les combattants” на Тома Каје кој деветкратно беше номиниран за филмските награди Цезар и освои дури седум меѓу кои и Цезар за најдобар дебитантски филм за Тома Каје, Цезар за најдобра актерка за Адел Енел и Цезар за најнадежен млад актер за Кевин Азаис како и наградата FIPRESCI на Канскиот филмски фестивал.

DSC04070

DSC04064

DSC04078DSC04074

IMG_4256

IMG_20150618_000534

За време на коктелот во релаксирана атмосфера ја коментиравме одлуката на режисерот да направи замена на вообичаените родови улоги во општеството и преку несекојдневната приказна да не потсети дека животот / младоста / љубовта знае да биде борба за која нема секогаш јасно дефинирани правила. Интересен почеток на неделата на најновите дострели на француската кинематографија!

309669

image001

(Наташа Алексоска)

Advertisements
This entry was posted in Активности, Забава, Култура and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s