Посета на ЕУ Инфо центарот

The presentation.JPG

На 17.03.2016 студентите од 4-та година на Факултетот за странски јазици заедно со проф. Ана Лазарова-Никовска, а во рамките на предметот Двонасочен превод АЈ-МЈ го посетија ЕУ Инфо центарот каде им беше појаснето како работи кабината за симултано толкување и каде студентите се опробаа во симултан превод на една презентација.

 Еве дел од советите и информациите кои несебично ги сподели со нив г-дин Нагип Шаља, преведувач и толкувач при ЕУ-Инфо центарот:

 –          Да дојдат 30 минути пред настан и да се запознаат со техниката/кабината и презентерот

–          Да инсистираат на предвреме доставени материјали

–          Секогаш да толкуваат во тим од двајца за толкување подолго од 30 мин.  Во  кабина се менуаат на 15-тина минути, може да се стиша звукот ако сакаат да го поправат или надополнат партнерот.

–          Може да носат лаптоп/таблет и секогаш да си носат тефтер и пенаклце

–          Им ги посочи вебстраниците на ЕУ инфо центар каде се огласуваат работни места, потоа на МАТА, како и им кажа за апликација WordFast на Word која ги памти преводите на корисникот и со тоа овозможува готови решенија на термини и реченици при понатамошни преводи

–          За работа како толкувач во ЕУ се бара да се наведе познавање на 2 јазика, по можност англиски и некој од ЕУ (француски или германски). На YouTube има кратки вежби за превод, како а и на ЕУ страницата и истите тие вежби се користат кога се проверува подготвеноста за консекутивен и симултан превод на апликантот.

Голема благодарност до вработените во ЕУ инфо центар за организирање и реализирање на оваа посета: Јана Ивановска, Нагип Шаља и Игор Божиновски.

AllD.JPG

A-A (2).JPG

(Ана Лазарова-Никовска)

Advertisements
This entry was posted in Клиничка настава, Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s