Работилница со м-р Елвира де Роза за деловно-технички превод од/на италијански јазик

DSC02765.JPG
На 26 април 2016 година се реализира мала работилница за деловно-технички превод од/на италијански јазик со м-р Елвира де Роза од Сант`Агата де Готи (Италија), на иницијатива на нативниот говорител, м-р Маријанџела Бјанкофиоре, која во текот на летниот семестар реализира серија експертски предавања по деловен италијански јазик на Факултетот за странски јазици – ФСЈ.
Гостинката м-р Елвира де Роза има дипломирано компаративни студии (литература и превод од италијански/хинди на англиски јазик) во Неапол, има магистрирано деловно-технички превод од англиски на италијански јазик на Школата за превод и толкување во Виченца и има богато искуство како преведувач во различни сфери на италијанскиот јазик во струката (медицина, електроника и електротехника, туризам и гастрономија, информатика итн.).
DSC02781.JPG
DSC02775.JPG
DSC02771
DSC02785.JPG
DSC02792
Селектирана група студенти по италијански јазик имаа можност во неформална атмосфера да разменат мислење со гостинката за практичните аспекти на преведувачката професија. Таа направи корисна споредбена анализа на најупотребуваните ИТ алатки во превод (Trados & Wordfast), се задржа на прашањето на правната одговорност во случај на преведувачки грешки кои генерираат сериозни последици (особено при превод на медицинска документација) при самостојното вршење на дејноста за разлика од посредување на агенција која ја сноси правната одговорност, несебично подели совети за формалните аспекти на склучувањето договори и начините на формирање на цена итн. Корисно попладне и нов пријател на ФСЈ кој е секогаш добредојден!
(Наташа Алексоска)
Advertisements
This entry was posted in Клиничка настава, Превод, Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s