Едукативна посета на Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа (Грац, Австрија)

Во февруари 2019 година реализирав едукативна посета на Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа со седиште во Грац (Австрија), институција задолжена за промовирање на квалитетно јазично образование во Европа со увереност дека јазичната и културната разноликост ги збогатува современите европски општества.

Во текот на средбите и разговорите со дир. г-ѓа Сусана Сливенски и г-ѓа Маргит Убер имав можност да добијам непосредни информации и детално да се запознаам со истражувањата кои ги реализира Центарот во соработка со националните претставници и екстензивна мрежа од екстерни експерти во 9 клучни области на јазично образование кои ги рефлектираат најновите трендови во јазичното подучување и учење:

9

Тематските области ги обединуваат проектите кои Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа ги реализира според среднорочна програма (како илустрација, познати и одамна широко прифатени се Заедничката европска референтна рамка за јазиците, Европското јазично портфолио, Европскиот ден на јазиците итн.), а сите ресурси кои произлегуваат како производ од проектите (публикации, глосари, ИКТ алатки, работилници, вебинари и сл.) се бесплатно достапни  во електронски формат преку следните линкови:

http;//www.ecml.at/Project Resources

http://www.ecml.at/Project Glossaries

Во тој контекст, сакам јавно да се заблагодарам на Европскиот центар за модерни јазици за донацијата на пакет публикации и промотивен материјал со цел збогатување на библиотечниот фонд  на Факултетот за странски јазици (ФСЈ).

51840665_442449909833248_7811781221993676800_n

Интересно е да се спомене дека токму во текот на посетата Европскиот центар за модерни јазици ја објави најновата публикација под наслов ֦Дигитална писменост за подучување и учење на јазици֞  која има за цел да го олесни интегрирањето на најновите технологии во јазичната методика, а тренинг модули се достапни за користење преку следниот линк:

http://www.ecml.at/Digital literacy

Европскиот центар за модерни јазици овозможува да се консултира и обемната колекција од повеќе од 3.200 ресурси на експертот Џон Л. М. Трим, неоспорен пионер кој со своето професионално делување има внесено радикална иновација во јазичната едукација и има дадено уникатен придонес за јазичната разноликост на Европа.

Повеќе информации: http://www.ecml.at/ John L. M. Trim

Сепак, од сите тековни проекти сметам дека заслужува да се издвои како најзначаен за сите инволвирани во јазичната едукација проектот за изработка на ֦Заедничката европска референтна рамка за компетенции на јазичните наставници֞ кој има за цел подобрување на едукацијата и развојот на наставниците по јазици преку дефинирање на компетенции за јазично подучување. Проектот тежнее да ја нагласи клучната улога на наставниците во обезбедување на иновативна и квалитетна јазична едукација за изучувачите. Бесплатен вебинар ќе се одржи на 27 февруари од 16.00-17.30 часот кога ќе бидат презентирани прелиминарните резултати од проектот и сите заинтересирани може да се пријават за учество преку следниот линк: http://ecml.at/TCEFRLT

Screenshot_1

Во контекст на проектите, сакам да ги информирам сите колеги кои се заинтересирани да предложат проект или да земат учество во својство на координатори или членови на истражувачки тимови во проекти во рамки на тематските области на Европскиот центар за модерни јазици дека во тек е отворен повик за проекти (краен рок е 22 април 2019 година) за следната среднорочна Програма 2020-2023 со фокус на иновативност во јазичната едукација.

call-banner-EN

Повеќе информации: http://www.ecml.at/Call for proposals 2020-2023

Европскиот центар за модерни јазици при Советот за Европа исто така нуди можност за практично усовршување на дипломци. Имав многу информативен и пријатен долг разговор со практикантката Мариа-Зампиа Баксевани од Грција (и Сенада Пашиќ од Босна и Херцеговина) и безрезервно можам да им препорачам на сите дипломирани студенти од ФСЈ кои имаат солидни академски резултати, течно зборуваат еден од работните јазици на Советот на Европа односно англиски и француски (објективно голема предност ако ги зборуваат двата), имаат мотивација да реализираат квалитетна практика во врвна европска институција и сакаат да стекнат корисно искуство како интегрален дел од платформата на европските јазичните истражувања да се пријават на конкурсите за платена практика (следен рок е 28 февруари за периодот јули-декември 2019 година) во една од четирите главни области: програми, документација и ресурси, веб страна или администрација.

Повеќе информации: http://www.ecml.at/Traineeships

И секако, причина повеќе за практика во Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа е Грац, вториот по големина австриски град распослан на двата брега на реката Мур, подеднакво стар и традиционален колку што е модерен и креативен, град кој плени со богатата историја, архитектура и со посебната, речиси медитеранска атмосфера по која некако се разликува од другите големи австриски центри. Компактниот историски центар на Грац со право е ставен под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, а Грац во 2003 година е прогласен за Европската престолнина на културата.

51720815_606901453088540_7325096629185282048_n

51600704_637446166691466_7453831337510699008_n

51887653_599552077171541_4299351151939158016_n

Посебно сакам да искажам благодарност до г-ѓата Катрин Сивалд за професионалниот пристап, координацијата, подготвеноста за натамошна соработка и да оставам отворена покана за посета на ФСЈ во некоја блиска пригода.

(Наташа Алексоска)

 

 

This entry was posted in Активности, Европска Унија, Интервју, Истражување, Конкурси, Образование, Практика, Uncategorized and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s