Гостинско предавање на тема “Mentoring: Via Sharing and Support to More Informed Teaching”

Емилија Стојановска, долгогодишен и посветен професор по англиски јазик во ОУ „ Браќа Миладиноци“, село Миладиновци на 19.04.2016 пред студентите и професорите на Факултетот за странски јазици, одржа клиничка настава од областа Усвојување на странски јазик, на темаMentoring: Via Sharing and Support to More Informed Teaching’.   Во предавањето таа зборуваше за личното искуство како ментор на студенти од наставната насока на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,  истакнувајќи го како одлична практика бидејќи е двоен процес во кој не стекнува знаење само студентот, туку и менторот –професор учи од креативните идеи на студентите-практиканти.  По предавањето, Емилија го збогати гостувањето со работилница  во која учествуваа сите слушатели, а се однесуваше на идеи и пристапи за повторување на нов вокабулар во наставата по странски јазик.
Емилија има и свој блог на кој ги споредула своите наставни планови, реализирани часови  и други практики од нејзиното секојдневно работење: teacheremilijana.blogspot.mk
Interakitvno so studentite
Emi so profesorkite
(Ана Лазарова-Никовска)
Posted in Клиничка настава, Uncategorized | Leave a comment

Macedonia College Fair

posters

Image | Posted on by | Leave a comment

Факултетот за бизнис на Универзитетот Бентли од САД гостин на ФСЈ

Bentley_Wallpaper_HP_1600x900_4a

Почитувани колеги и студенти,

Задоволство ни е да Ве известиме дека во среда, 13. април Американското катче организира посета на Универзитетот ФОН од страна на претставник од Факултетот за бизнис на Универзитетот Бентли од САД

Ann Marie Larese

Associate Director of Graduate Admissions

Bentley University Graduate School of Business

http://www.bentley.edu/graduate

Посетата ќе се одвива според следната агенда:

10:00 Пристигнување на ФОН

10:15 Брифинг со претставници на ФОН

10:30 Кратка презентација од страна на претставничката во ПРОСТОРИЈА 315.

 Г-ѓа Ann Marie Larese ќе ги запознае присутните со програмите за постдипломски судии на мастер за бизнис администрација на Универзитетот Бентли, условите за запишување и можностите за добивање стипендии.

Се надеваме дека оваа презентација ќе побуди интерес и кај наставниот кадар и кај студентите и срдечно ве покануваме да присуствувате.

Со почит,

проф. д-р Лилјана Митковска

Декан на Факултетот за странски јазици

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Саем на книгата 2016

12523935_266076380390450_190266898432665446_n.jpg

Image | Posted on by | Leave a comment

Ciné-club français “L’ Affaire SK-1”

12472738_262953127369442_4624154690333513774_n

12439293_262953147369440_1583378333326426750_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Natasha Aleksoska)

Posted in Активности, Култура, Филм, Uncategorized | Tagged , , | Leave a comment

Посета на ЕУ Инфо центарот

The presentation.JPG

На 17.03.2016 студентите од 4-та година на Факултетот за странски јазици заедно со проф. Ана Лазарова-Никовска, а во рамките на предметот Двонасочен превод АЈ-МЈ го посетија ЕУ Инфо центарот каде им беше појаснето како работи кабината за симултано толкување и каде студентите се опробаа во симултан превод на една презентација.

 Еве дел од советите и информациите кои несебично ги сподели со нив г-дин Нагип Шаља, преведувач и толкувач при ЕУ-Инфо центарот:

 –          Да дојдат 30 минути пред настан и да се запознаат со техниката/кабината и презентерот

–          Да инсистираат на предвреме доставени материјали

–          Секогаш да толкуваат во тим од двајца за толкување подолго од 30 мин.  Во  кабина се менуаат на 15-тина минути, може да се стиша звукот ако сакаат да го поправат или надополнат партнерот.

–          Може да носат лаптоп/таблет и секогаш да си носат тефтер и пенаклце

–          Им ги посочи вебстраниците на ЕУ инфо центар каде се огласуваат работни места, потоа на МАТА, како и им кажа за апликација WordFast на Word која ги памти преводите на корисникот и со тоа овозможува готови решенија на термини и реченици при понатамошни преводи

–          За работа како толкувач во ЕУ се бара да се наведе познавање на 2 јазика, по можност англиски и некој од ЕУ (француски или германски). На YouTube има кратки вежби за превод, како а и на ЕУ страницата и истите тие вежби се користат кога се проверува подготвеноста за консекутивен и симултан превод на апликантот.

Голема благодарност до вработените во ЕУ инфо центар за организирање и реализирање на оваа посета: Јана Ивановска, Нагип Шаља и Игор Божиновски.

AllD.JPG

A-A (2).JPG

(Ана Лазарова-Никовска)

Posted in Клиничка настава, Uncategorized | Leave a comment

Термини за консултации на ФСЈ во летниот семестар 2015/16

Microsoft Word 2015-2016_28

Image | Posted on by | Leave a comment

Распореди за настава на ФСЈ во летниот семестар 2015/16 година

clock

РАСПОРЕД ФСЈ летен 2015-16 Скопје

РАСПОРЕД ФСЈ летен 2015-16 Струмица

РАСПОРЕД ФСЈ летен 2015-16 Струга

РАСПОРЕД ФСЈ втор циклус летен 2015-16

(Факултет за странски јазици – ФСЈ)

 

Posted in Соопштенија, Uncategorized | Tagged , , , , , , , | Leave a comment

Изложба на графики од ПИКАСО во МКЦ

pikaso-najava.jpg

Во МКЦ во прекрасна атмосфера вечерва присуствувавме на отворањето на ексклузивната изложба на 46 графички дела на шпанскиот сликар Пабло Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и гравури од периодот 1932-1969 година. Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана. Модерна уметност, рок музика и масовна посетеност за паметење!

1.JPG

3.JPG

5.JPG

7.JPG

6

pablo_pikaso_press-1_08-800x445

пикасо во скопје (21)

9.JPG(Наташа Алексоска)

Image | Posted on by | Leave a comment

Среќна Нова 2016 Година!

779

Факултетот за странски јазици (ФСЈ) на сите студенти, колеги и соработници им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници и им посакува многу успех на професионален и приватен план! 🙂

Posted in Соопштенија, Uncategorized | Tagged , | Leave a comment