Алгоритамот на Netflix, феноменот Casa de papel и LLN алатката за учење странски јазици

Оваа пролет пандемијата ги лансира шпанските серии меѓу најгледаните во светот во време на историско конзумирање телевизиски содржини. Од El tiempo entre costuras, Gran Hotel, преку La Casa de Papel (преведенa на англиски како Money heist) до Élite, Las chicas del cable, Toy Boy и Vis a vis, шпанските серии бележат глобална популарност на Netflix и слични стриминг платформи (секако тука се вбројуваат и испанските Narcos, Club de cuervos, El Chapo, La Reina del sur, Ingobernable и сл.). Апетитот за оригинални шпански серии е толку голем што Netflix овој месец ги отвори вратите на својата прва европска продуцентска куќа во Мадрид во Шпанија.

1586497161_MoneyHeistSeason4promostill

Casa de papel се издвојува не само заради огромната гледаност туку и големото општествено влијание: маските со ликот на сликарот Дали и црвените униформи од серијата веќе се сметаат за најпрепознатливи ТВ костими во последните години (на рамниште на боне шапката од “Приказната на слугинката”) и стануваат, оправдано или неоправдано, симбол на граѓански отпор, ги видовме на граѓански протести во Порто Рико, Ирак, Франција, Чиле и пред една недела како инсталација на уметникот Маурицио Каталан пред берзата во Милано.

Критиката е поделена. Le Monde ја нарече серијата “алегорија на отпорот” и “химна за храброста и потребата да се мисли со своја глава”. Die Zeit оцени дека е “понекогаш премногу сентиментална, карикатурална… како теленовела”, а некои критичари изјавија дека е “пропаганда, опасен симбол кој поттикнува бунт”. Може да се дискутира дали е добра или лоша серија, но не може да се негира дека воспостави контакт со масовна меѓународна публика од различна провениенција. И главен “виновник” е Netflix.

80% од сериите во светот се следат на Netflix. Држејќи милиони луѓе во светот како заложници на алгоритамот за препораки на содржини, Netflix направи претплатниците да бидат емотивно зависни од нивната програма. Бон Џун-хо, јужнокорејскиот режисер кој оваа година се закити со Оскар за филмот “Паразит”, прв филм од неанглиско говорно подрачје кој ја освои наградата за најдобар филм, го прокоментира овој феномен: “Глобалниот успех на  La Casa de papel е во суштина стриминг форма на Стокхолмски синдром. Таа е пример како оваа платформа направи дисторзија на пазарот. Не беше возможно ни да се замисли пред една декада дека локална серија би можела да се прикажува во овој обем надвор од Шпанија. Денес, таа е најгледаната оригинална серија од неанглиско подрачје на Netflix која ја следат 167 милиони луѓе во 190 земји во светот. Платформата во голема мера е заслужна што и помогна на публиката да ја надмине таа 1 инч висока бариера на читање превод.”

Netflix со можноста за пристап од било кое место на планетава направи содржините да станат глобални, но успехот на La casa de papal и другите шпански серии се должи примарно на креативниот екосистем на Шпанија која располага со искусни и талентирани професионалци, разумни трошоци на продукција и го има клучниот елемент: шпанскиот јазик. “Во време на глобални платформи, имаме среќа што шпанскиот јазик е широко распространет.” – истакнува Хавиер Кариљо Бернал, автор на книгата Paradigma Netflix.

И секако, фамозниот (и дискутабилен) алгоритам на Netflix кој открива што функционира најдобро на платформата со што може да се персонализираат препораките за содржина до корисниците. Можностите за анализа на податоците од корисниците се огромни и, привилегија која традиционалните телевизиски мрежи ја немаат ни одблизу. Алгоритмите на Netflix откриваат трендови и овозможуваат да се разбере однесувањето на корисниците на подлабоко ниво. На пример, ако се утврди дека 70% од корисниците ги изгледале сите достапни сезони од откажана серија, може да се преиспита одлуката и да се продолжи таа серија. Анализата на огромниот кванум податоци може да даде увид кој ден каква содржина гледа корисникот (Netflix утврди дека корисниците главно гледаат серии во работни денови, а филмови за викенд), кое време од денот гледаат и од која локација, каков уред користат за пристап (таблет за серии, Roku за филмови, iPad за детски содржини), се анализираат сите параметри кои даваат увид во однесувањето на корисникот на платформата (не е потребно експлицитно корисникот да оцени некоја серија дека му се допаднала, тоа може имплицитно да се заклучи од однесувањето ако ја изгледа цела сезона во едно деноноќие), па дури се анализираат и податоците во самата содржина (каде се паузира, прегледува повторно, висината на тонот, бојата или сценографијата) со цел да се утврди што им се допаѓа на корисниците и да се предвиди што следно ќе гледаат за да се прилагодат препораките. Netflix ги дели корисниците според серија заеднички карактеристики на 2.000 групи. Сето ова најдобро го сумира Џорис Еверс, директорот за комуникации на Netflix: “Не постои еден Netflix, туку 33 милиони различни Netflix!”

11

Без разлика што ќе се случи во иднина со овој нов медиумски бизнис модел кој користи вештачка интелигенција, наука за податоци и машинско учење, неоспорно е влијанието на Netflix за поголема промоција на шпанскиот јазик во светот и, можеби поважно, Netflix се претвори во корисна едукативна алатка за електронско учење странски јазици. Посебно кул е алатката Language Learning With Netflix (LLN) која како екстензија на chrome овозможува да се гледа странската серија или филм на Netflix истовремено со текст на оригиналниот јазик и текст на англиски јазик со можност за автоматски паузи или слушање на преводот реченица по реченица за да му се овозможи на корисникот да го апсорбира тоа што го слушнал, опција за означување на специфични зборови и изрази, нивно зачувување и секако интегриран речник. Некои лингвисти ја поздравија LLN алатката како динамичен начин да се искористи едукативниот потенцијал на Netflix кој нуди содржина на 26 јазици во 190 држави и тежнее 100% од сериите во сопствена продукција да бидат од неанглиско говорно подрачје во најблиска иднина.

2

Во меѓувреме додека ја живееме пандемијата може да ги искористиме деновите во карантин да изгледаме уште некоја оригинална шпанска серија со помош на новата алатка LLN. Или кажано со зборовите на Алекс Пина, креаторот на Casa de papel (на Vis a vis и идната Sky Rojo) кој успеа да воспостави силна врска на серијата со публики од различни култури и јазици: “Можам да и ветам на публиката дека додека гледа нема да мисли на Ковид-19.”

(Natasha Aleksoska)

Користена литература:
https://elpais.com/television/2020-04-25/la-pandemia-aupa-las-series-espanolas-entre-lo-mas-visto-en-todo-el-mundo.html
https://languagelearningwithnetflix.com/https://variety.com/2019/tv/features/spains-tv-production-boom-sends-ripples-through-industry-1203182264
https://www.wired.co.uk/article/how-do-netflixs-algorithms-work-machine-learning-helps-to-predict-what-viewers-will-like
https://www.theguardian.com/tv-and-radio/2020/apr/02/how-money-heist-became-netflix-biggest-global-hit
https://gigaom.com/2012/06/14/netflix-analyzes-a-lot-of-data-about-your-viewing-habits/
https://neilpatel.com/blog/how-netflix-uses-analytics/
https://meaww.com/money-heist-the-phenomenon-red-jumper-dali-masks-iconography-symbols-resistance
https://observer.com/2020/03/netflix-ratings-most-watched-shows-movies-what-to-stream-coronavirus/

Posted in Јазици и технологии, Забава, Култура, Превод, Филм | Leave a comment

И во Македонија се може (ФСЈ)

Posted in Лингвистика, Награди, Образование, Стипендии и семинари, стипендии | Leave a comment

#Alumni #Proud #ФСЈ #Паметна одлука

80677777_1093161147681965_75713233977081856_n

Факултетот за странски јазици (ФСЈ) со гордост го споделува (првиот) циклус кратки приказни (со линкови до видеата) од свои студенти како инспирација за сите тековни и идни студенти во годините што доаѓаат  

#Alumni #Proud #ФСЈ #Паметна одлука

(Факултет за странски јазици   )

Posted in Активности, Бизнис, Вработување, Деловен јазик, Култура, Лингвистика, Меѓународни студии, Награди, Образование, стипендии | Leave a comment

In memoriam

1

2

5

Со огромна тага ја примивме веста дека на 14.01.2020 година почина проф. д-р Алекса Попоски, основач на Факултетот за странски јазици и негов прв Декан во периодот од 2003-2010 година. Беше еминентен професор школуван на реномирани европски институции како Универзитетот Сорбона и ИНАЛКО (Франција), Универзитетот во Неапол (Италија) итн. со многу богата наставна и научна дејност.

Во име на сите генерации негови студенти и колеги сакаме да искажеме длабоко сочувство до семејството и да изразиме голема почит и благодарност за сето искуство и мудрост, смиреност и колегијалност, скромност и достоинство со кои ја водеше нашата институција.

Почивај во мир, Професоре!

(Факултет за странски јазици)

Posted in Соопштенија | Leave a comment

Едукативна посета на Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа (Грац, Австрија)

Во февруари 2019 година реализирав едукативна посета на Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа со седиште во Грац (Австрија), институција задолжена за промовирање на квалитетно јазично образование во Европа со увереност дека јазичната и културната разноликост ги збогатува современите европски општества.

Во текот на средбите и разговорите со дир. г-ѓа Сусана Сливенски и г-ѓа Маргит Убер имав можност да добијам непосредни информации и детално да се запознаам со истражувањата кои ги реализира Центарот во соработка со националните претставници и екстензивна мрежа од екстерни експерти во 9 клучни области на јазично образование кои ги рефлектираат најновите трендови во јазичното подучување и учење:

9

Тематските области ги обединуваат проектите кои Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа ги реализира според среднорочна програма (како илустрација, познати и одамна широко прифатени се Заедничката европска референтна рамка за јазиците, Европското јазично портфолио, Европскиот ден на јазиците итн.), а сите ресурси кои произлегуваат како производ од проектите (публикации, глосари, ИКТ алатки, работилници, вебинари и сл.) се бесплатно достапни  во електронски формат преку следните линкови:

http;//www.ecml.at/Project Resources

http://www.ecml.at/Project Glossaries

Во тој контекст, сакам јавно да се заблагодарам на Европскиот центар за модерни јазици за донацијата на пакет публикации и промотивен материјал со цел збогатување на библиотечниот фонд  на Факултетот за странски јазици (ФСЈ).

51840665_442449909833248_7811781221993676800_n

Интересно е да се спомене дека токму во текот на посетата Европскиот центар за модерни јазици ја објави најновата публикација под наслов ֦Дигитална писменост за подучување и учење на јазици֞  која има за цел да го олесни интегрирањето на најновите технологии во јазичната методика, а тренинг модули се достапни за користење преку следниот линк:

http://www.ecml.at/Digital literacy

Европскиот центар за модерни јазици овозможува да се консултира и обемната колекција од повеќе од 3.200 ресурси на експертот Џон Л. М. Трим, неоспорен пионер кој со своето професионално делување има внесено радикална иновација во јазичната едукација и има дадено уникатен придонес за јазичната разноликост на Европа.

Повеќе информации: http://www.ecml.at/ John L. M. Trim

Сепак, од сите тековни проекти сметам дека заслужува да се издвои како најзначаен за сите инволвирани во јазичната едукација проектот за изработка на ֦Заедничката европска референтна рамка за компетенции на јазичните наставници֞ кој има за цел подобрување на едукацијата и развојот на наставниците по јазици преку дефинирање на компетенции за јазично подучување. Проектот тежнее да ја нагласи клучната улога на наставниците во обезбедување на иновативна и квалитетна јазична едукација за изучувачите. Бесплатен вебинар ќе се одржи на 27 февруари од 16.00-17.30 часот кога ќе бидат презентирани прелиминарните резултати од проектот и сите заинтересирани може да се пријават за учество преку следниот линк: http://ecml.at/TCEFRLT

Screenshot_1

Во контекст на проектите, сакам да ги информирам сите колеги кои се заинтересирани да предложат проект или да земат учество во својство на координатори или членови на истражувачки тимови во проекти во рамки на тематските области на Европскиот центар за модерни јазици дека во тек е отворен повик за проекти (краен рок е 22 април 2019 година) за следната среднорочна Програма 2020-2023 со фокус на иновативност во јазичната едукација.

call-banner-EN

Повеќе информации: http://www.ecml.at/Call for proposals 2020-2023

Европскиот центар за модерни јазици при Советот за Европа исто така нуди можност за практично усовршување на дипломци. Имав многу информативен и пријатен долг разговор со практикантката Мариа-Зампиа Баксевани од Грција (и Сенада Пашиќ од Босна и Херцеговина) и безрезервно можам да им препорачам на сите дипломирани студенти од ФСЈ кои имаат солидни академски резултати, течно зборуваат еден од работните јазици на Советот на Европа односно англиски и француски (објективно голема предност ако ги зборуваат двата), имаат мотивација да реализираат квалитетна практика во врвна европска институција и сакаат да стекнат корисно искуство како интегрален дел од платформата на европските јазичните истражувања да се пријават на конкурсите за платена практика (следен рок е 28 февруари за периодот јули-декември 2019 година) во една од четирите главни области: програми, документација и ресурси, веб страна или администрација.

Повеќе информации: http://www.ecml.at/Traineeships

И секако, причина повеќе за практика во Европскиот центар за модерни јазици при Советот на Европа е Грац, вториот по големина австриски град распослан на двата брега на реката Мур, подеднакво стар и традиционален колку што е модерен и креативен, град кој плени со богатата историја, архитектура и со посебната, речиси медитеранска атмосфера по која некако се разликува од другите големи австриски центри. Компактниот историски центар на Грац со право е ставен под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, а Грац во 2003 година е прогласен за Европската престолнина на културата.

51720815_606901453088540_7325096629185282048_n

51600704_637446166691466_7453831337510699008_n

51887653_599552077171541_4299351151939158016_n

Посебно сакам да искажам благодарност до г-ѓата Катрин Сивалд за професионалниот пристап, координацијата, подготвеноста за натамошна соработка и да оставам отворена покана за посета на ФСЈ во некоја блиска пригода.

(Наташа Алексоска)

 

 

Posted in Активности, Европска Унија, Интервју, Истражување, Конкурси, Образование, Практика, Uncategorized | Tagged , , , , , , , , | Leave a comment

Chinese Coffee Morning

 

The Ambassador of China to the RM, H.E. Ms Yin Lixian, has welcomed some of the FSJ students at the presentation of the rich Chinese culture, the spectacular natural beauty, and the diversity of a nation whose civilization dates back 5,000 years, ending with a time-lapse video of the Forbidden City in Beijing. Thank you DMWC for the pleasant  (and culturally informative ) coffee morning. 

(Natasha Aleksoska)

Posted in Активности, Култура | Leave a comment

Студенти од Факултетот за странски јазици ја посетија Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)

Студенти од Факултетот за странски јазици ја посетија Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во библиотеката на МАНУ студентите се запознаа со историјатот и со можностите за користење на достапната литература (книги и периодика), начинот на пребарување на библиотечните единици преку класичните каталози, но и преку електронскиот библиографски систем COBISS.

(Факултет за странски јазици)

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Café “Cervantes” ☕🇪🇸️ & Café “Nouvellе” ☕🇫🇷️ (клуб за конверзација)

(Natasha Aleksoska)

Posted in Јазик во струката, Активности, Деловен јазик, Забава, Изговор, Култура, Uncategorized | Leave a comment

Contratiempo

32191147_10155593315461235_6509729502157864960_nContratiempo

(Natasha Aleksoska)

Posted in Култура, Филм | Leave a comment

Недела на современиот шпански филм

Група студенти по шпански јазик и култура и оваа година присуствуваа на првата филмска проекција во рамки на Неделата на современиот шпански филм која свечено ја отвори Амбасадорот на Кралство Шпанија во Р.М., Н.Е. Г-динот Емилио Лоренцо Сера во Кинотека на Р.М. Филмот “Среќни 140” во режија на Грасиjа Керехета не потсети како парите може да ја соголат човековата природа и да ја одредат цената на етиката и скрупулите. Масовното присутво најави многу интересна филмска недела.

2_21_2

(Наташа Алексоска)

Posted in Забава, Култура, Филм | Leave a comment